Јувентус е првиот финалист во Купот на Италија, откако вечерва одигра без голови 0:0 на реваншот против Интер во Торино и ја задржа предноста од 2:1 по првиот меч во Милано која практично и му обезбеди место во големото финале. Во меч во кој Интер играше поотворен фудбал, сосема разбирливо затоа што бркаше негатива од еден гол, „Старата Дама“ умешно до крај успеа да ја зачува мрежата и да обезбеди ново финале во Купот.

Ова за Јуве ќе биде шанса за атак на рекордна 14-та куп титула, по последната која ја освои во 2018 година. Противник во големото финале ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Наполи и Аталанта, каде по првиот дуел во Неапол резултатот беше нерешен.

sportmedia.mk