ПРВА ЛИГА - КОМЕСАР ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Станковиќ 18 месеци гледач

Играчот на Црн Дрим од Струга, Срѓан Станковиќ виновен за прекинот на саботниот натпревар од Првата кошаркарска лига (мажи), во Скопје, со Тоа сум јас, во наредните 18 месеци нема да може да ги брани боите на својот клуб . Згора на тоа ќе мора да плати парична казна од 30.000 денари. Ова е одлука на Комесарот за натпреварување при Здружението на клубовите од Првата лига. Познато е дека на 5,16 минути до крајот на втората четвртина, при резултат 32:18 за Тоа сум јас , Станковиќ ги натепа судиите Митровски, Николовски и Цветановски незадоволен од нивната арбитража. Следеше прекин на натпреварот што вчера Комесарот за натпревари при КФМ, откако ја доби комплетната документција од службените лица, го регистрира со постигнатиот резултат. (С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари