logo
logo
logo

Нереални сцени од Валенсија

Стадионот празен, а околу него 10.000 навивачи кои не сакаат да одат на трибини (ВИДЕО)

Vecer | 22.05.2022

Стадионот празен, а околу него 10.000 навивачи кои не сакаат да одат на трибини (ВИДЕО)

Валенсија вчера на домашен терен ја победи Селта Виго со 2-0 во последното коло од шпанската Ла Лига, а неверојатната сцена од овој натпревар го обиколи светот.

Валенсија ја победи Селта со гол на Гомез и автогол на Араухо, но сите останаа шокирани кога видоа дека овој натпревар се игра пред празни трибини и не им беше јасно што се случува на Местаља.

Преносот покажа дека на трибините речиси и да нема навивачи, но сепак се слушаше песната на навивачите на Валенсија и на многумина не им беше јасно за што се работи.

Сепак, набрзо потоа пристигна објаснување. Имено, пред Местаља имаше повеќе од 10.000 навивачи кои навиваа во текот на целиот натпревар, но одбиваа да влезат на трибините на својот стадион.

На овој начин тие го покажаа својот протест против сопственикот на клубот, Питер Лим и Меритон, кого со години се обидуваат да го натераат да го продаде клубот. Валенсија разочара и оваа сезона бидејќи остана без трофеи и пласмани во Европа.

Лилјаците завршија само на деветтото место и одамна се простија од борбата за Европа.

Навивачите веќе не можат да издржат и тоа јасно го покажаа вчера.

Сцените пред стадионот на Валенсија го изненадија, но и го воодушевија фудбалскиот свет, а многумина изјавија дека навивачите на шпанскиот клуб покажале како се бори против сопствениците кои упорно одбиваат да си заминат, а резултатите од сезона во сезона се се полоши.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk