logo
logo
logo

СРЃАН ЗА ШАНСИТЕ НОЛЕ ДА ИГРА ВО МЕЛБУРН: Не им верувам на Австралијците додека не го видам Новак на теренот

Vecer | 15.11.2022

СРЃАН ЗА ШАНСИТЕ НОЛЕ ДА ИГРА ВО МЕЛБУРН: Не им верувам на Австралијците додека не го видам Новак на теренот

Дури ни кога носат подароци...

Таткото на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, истакна дека нема доверба во Австралијците, иако тамошните медиуми објавија дека нашиот ас ќе добие виза и ќе може да настапи на првиот Грен слем во 2023 година.

Да потсетиме, министерот за миграција на Австралија, Ендрју Гилс, ја укина забраната за српскиот тенисер, па Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Австралија опен и да го освои десетиот трофеј во Мелбурн на почетокот на 2023 година.

- Не им верувам на Австралијците. Се додека не го видам Новак на теренот како го игра првиот натпревар, немам доверба во нив. Како можам да им верувам? - прашува Срѓан.

Откако беше депортиран на почетокот на 2022 година, на српскиот тенисер му беше забранет влез во Австралија до 2025 година. Тригодишната забрана за доаѓање во Австралија стапи на сила веднаш штом министерот за имиграција Алекс Хок му ја укина визата. Сега е укината.

Ѓоковиќ на почетокот на годината претрпе тортура во Австралија, бидејќи не ја прими вакцината против корона. Тој доби медицинско ослободување пред да пристигне во Мелбурн, но кога пристигна, Австралијците се предомислија.

- Никогаш не сум бил против вакцинација. Сепак, јас секогаш ја поддржувам слободата да избираш што ќе ставиш во сопственото тело – изјави тогаш Новак.

Сепак, Австралија доби ново раководство, кое со недели испраќа позитивни сигнали, дека е подготвено да му даде зелено светло на Новак за враќање во Австралија. Алекс Хок, министерот кој го депортира Новак беше сменет, а новиот министер Ендрју Гилс му дозволи на Новак да се натпреварува на првиот Грен слем во сезоната следната година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk