Го дочекавме тој ден. Македонската фудбалска репрезентација дебитира на ЕУРО 2020, по првото полувреме против Австрија е 1-1. Стрелец на голот е Горан Пандев.

Нашите момци имаат огромна поддршка од трибините, македонската „Фаланга“ ги обои во „црвено-жолто“, над 4.000 Македонци дојдоа да ги бодрат фудбалерите.

Во Букурешт е првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој добро знае како е да се биде дел од големите натпреварувања. Ракометната репрезентација е редовен учесник на Светските и Европските првенства.

Посакуваме овој прв меч да заврши со победа за историја!

 

sportmedia.mk