logo
logo
logo

Србите нема да ја бранат титулата, Италија е во финалето на одбојкарското ЕП!

Vecer | 18.09.2021

Србите нема да ја бранат титулата, Италија е во финалето на одбојкарското ЕП!

Српската одбојкарска репрезентација нема да ја брани европската титула затоа што вечерва во полуфиналето доживеа пораз од Италија со 1:3. Во Катовице репрезентацијата на Италија имаше одличен настап, одбојкарите беа расположени за надигрување, а и среќата беше на нивна страна.

Во утрешното финале во Катовице за европската титула ќе се борат Италија и Словенија.

Првиот сет Италија до доби со 29:27, а вториот со 25:22. Србите некако се соземаа во третиот сет кога добро се бореа и успеаа да го намалат резултатот на 1:2 (23:25), но веќе во наредниот Италијанците повторно покажаа мускули – набрзина поведоа со 5:1, потоа и со 11:5 како што се проближуваше финишот на сетот беа се посигурни во блокот и во нападот, а Србите не можеа да го фатат својот ритам. „Аѕурите“ го добија третиот четвртиот сет со 25:18 и со тоа ја однесоа победата.

Италија е четирикратен европски првак, а последен пат бил на тронот пред 16 години. Сега има шанса да ја врати титулата. Во финалето противникот им е Словенија која претходно ја совлада Полска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk