logo
logo
logo

Србија пред крајот на квалификациите обезбеди место на ЕП 2022

Vecer | 06.02.2021

Србија пред крајот на квалификациите обезбеди место на ЕП 2022

Српската ракометна репрезентација веќе се пласира на Европското првенство 2022 година, откако челниците на федерацијата на Белгија ја известија ЕХФ дека се откажуваат од квалификациите.

„Со тешко срце моравме да ја известиме ЕХФ дека се откажуваме од квалификациите за ЕП. Направивме се што се бараше од нас, но свесни дема дека ЕХФ мора да го почитува својот календар. Одлуката ја донесовме по консултација со играчите, тренерите. Ќе беше неодговорно да го ризикуваме здравјето на играчите“, се вели во известувањето на ракометната федерација на Белгија.

Се чека само официјална потврда од ЕХФ. На Србија и остана уште еден меч со Грција, но со оглед на тоа дека имаше одличен старт, ја совлада Франција, а потоа одигра реми, веќе е јасно дека е патник на ЕП.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk