logo
logo
logo

Србија извлече реми, Словачка се спаси, но Луксембург ја шокираше Ирска (ВИДЕО)

Vecer | 27.03.2021

Србија извлече реми, Словачка се спаси, но Луксембург ја шокираше Ирска (ВИДЕО)

Во најинтересниот меч вечерва во европските квалификации за СП 2022, селекцијата на Србија на домашен терен успеа да извади реми со селекцијата на Португалија играјќи 2:2, иако во првото полувреме Португалците со предноста од 2:0 најавија дека ги посакуваат сите три бода во Белград.

Диого Жота беше двапатипрецизен во првиот дел за Португалија, а во вториот дел враќањето на србија го најави Митровиќ со голот по само 30-тина секунди, по што следуваше една одлична контра во 60. минута со убава завршница на Костиќ за 2:2.

Во второто дерби вечерва Чешка и Белгија поделија по еден бод играјќи нерешено 1:1 на дуелот во Прага. Чесите поведоа со голот на Провод во 50. минута, израмни Лукаку 10 минути подоцна.

Словачка се спаси од срам против Малта. Гостите сензационално водеа со 2:0 по првиот дел на гостувањето во Трнава, но многу брзо во вториот дел Словачка стигна до 2:2. До крајот домашните не успеаја да направат целосен преврт.

Изненадувањето на вечерта, сепак, се случи во Даблин. На „Авива“ Луксембург ја шокираше селекцијата на Р. Ирска совладувајќи ја со 1:0 благодарение на голот на Родригез во 85. минута.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022

ГРУПА А

Р. Ирска – Луксембург 0:1

Србија – Португалија 2:2

ГРУПА Е

Белорусија – Естонија 4:2

Чешка – Белгија 1:1

ГРУПА Г

Црна Гора – Гибралтар 4:1

Холандија – Летонија 2:0

Норвешка – Турција 0:3

ГРУПА Х

Русија – Словенија 2:1

Хрватска – Кипар 1:0

Словачка – Малта 2:2


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk