logo
logo
logo

Србија и вторпат подобра од нашите одбојкари

Vecer | 14.05.2021

Србија и вторпат подобра од нашите одбојкари

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија и вторпат е поразена од европскиот шампион Србија во рамките на контролните дуели пред настапот во Европската Сребренa Лига 2021. На денешниот меч со Б-составот на Србија во Велико Градиште, „црвено-жолтите“ загубија со идентични 3:1 (25:17, 28:26, 23:25, 25:23) како и на вчерашниот меч во Врњачка Бања, со тоа што денеска гледавме далеку понеизвесен меч.

Србија почна одлично и го доби првиот сет прилично убедливо со 25:17, но затоа вториот сет донесе голема битка до самиот крај. Нашите одбојкари одиграа квалитетен сет, се бореа за израмнување до самиот крај, но Србија ја искористи шансата и со 28:26 успеа да дојде до предност и од 2:0 во сетови.

Сепак, добрата игра од вториот сет ни донесе уште подобар трет сет во кој предводени од капитенот Ѓорѓиев успеавме да најдеме начин да стигнеме до намалување на водството на домашните. Во првата сет топка Србите се одбранија, но втората со смеч на Никола Ѓорѓиев заврши со поен за нас и 25:23 за намалување на 2:1.

Во четвртиот сет почнавме добро, имавме мала предност, но во финишот Србија успеа да дојде до два поени разлика кои умешно знаеше да ги сочува за конечни 25:23 и победа од 3:1.

Овие два теста за избраниците на селекторот Матијашевиќ се единствените пред стартот на првиот турнир од Сребрената лига на кој Македонија ќе биде во улога на домаќин во Струмица од 21 до 23 мај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk