Репрезентацијата на Србија е нов шампион во баскет 3х3 откако вечерва во финалето славеше над Литванија со 21-16 на Светското првенство кое се одржува во Белгија.

Српските кошаркари го освоија Светското првенство во Антверпен.

Србија успеа да го освои петтото злато на седум планетарни шоуа, а има и едно сребро и едно четврто место.

Српскиот тим оствари седум победи од исто толку натпревари во ова натпреварување.

Нов Зеланд (21:19), Порторико (21:19), Франција (22:15), Бразил (22:7), олимпискиот шампион Летонија (22:17), домаќинот Белгија (17:12), и на крајот Литванија .

„Орлите“ не дозволија изненадување против селекцијата на Литванија, која досега не играла финале на ваков голем турнир.

Србија одлично го отвори финалето, со серија од 5:0, ја задржа предноста од почетокот до крајот и на крајот го доби натпреварот со таа разлика.

Литванците беа најблиску во моментот кога на семафорот стоеше 13:10, но тој налет на ривалот беше одбиен, а победата набрзо беше остварена.

Најефикасен во редовите на светските шампиони беше Страхиња Стојачиќ, кој постигна девет поени. Михаило Васиќ додаде пет, Дејан Мајсторовиќ додаде четири, а Марко Бранковиќ три.

Кај Литванците Дариус Тарвидас постигна седум, Игнас Ваиткус пет, а Гинтаутас Матулис и Мариус Узупис постигнаа по два.

Србите на маестрален начин, без ниту еден пораз стигнаа до нова титула светски шампион.

Фото: принтскрин