logo
logo
logo

Срамно: Ајакс ја понижи својата клупска икона!

Vecer | 01.04.2023

Срамно: Ајакс ја понижи својата клупска икона!

Иако важи за клуб, секако најголем и најтрофеен во Холандија, кој и тоа како внимава на традицијата и својата историја, овојпат Ајакс и тоа како се посрамоти.

И тоа кога станува за една своја легенда, икона на клубот, еден од најдобрите во историјата, а тоа секако дека е Кларенс Сидорф, еден од најзаслужните што тимот од Амстердам во 1995 годија дојде до пехарот во ЛШ, кој беше предводник на таа злата генерација на Ајакс.

Имено деновиве Сидорф се пријавил на огласот на Ајакс за местото нов спортски директор, но срамното е во тоа што тој не само не бил назначен на оваа функција, туку клубот не му ни одговорил ни негативно ни позитивно. Едноставно апликацијата била тргната на страна.

Инаку да потсетиме каква беше кариерата на Сидорф, освен што играше за репрезентацијата на Холандија.

Беше дел од Ајакс, потоа играше за Интер, па со Милан ја освои уште еднаш титулата во ЛШ, Реал Мадрид, а кариерата ја заврши во Ботафого од Бразил.

По се ова имаше голема желба да се врати во својот Ајакс, но ни во сон не очекуваше дека ова ќе му се случи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk