logo
logo
logo

Срамен старт на германската Бундес лига

Vecer | 06.08.2022

Срамен старт на германската Бундес лига

Со срамното однесување на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт синоќа започна новата сезона во германската Бундес лига.

За нивниот тим синоќешното прво коло беше многу неуспешно, бидејќи победникот во Лига Европа Франкфурт загуби од германскиот шампион Баерн Минхен (6:1), но фудбалската вечер го уништи однесувањето на навивачите уште пред почетокот на спортотскиот дуел.

Имено, кога пејачката Каролин Нимчек ја изведуваше германската химна, фановите на Франкфурт силно свиркаа. Речиси немаше аплауз за химната.

После тоа, навивачите на Франкфурт тргнаа со пиротехника која го затрупа стадионот во чад, па на телевизија не можеше да се види првиот гол на Џошуа Кимих.

За време на паузата, навивачите на Франкфурт предизвикаа нов инцидент, кога ги пробија барикадите и упаднаа на теренот.

Тие, како што тврдеа, сакале навивачкиот сектор на Баерн да го врати украденото знаме на Франкфурт.

Благодарение на стјуардите беше спречен конфликт меѓу навивачите на двата тима.

Наместо по спортски резултат, почетокот на новата сезона во Бундеслигата ќе биде запаметен по сите инциденти на навивачите на Франкфурт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk