logo
logo
logo

Спортинг Лисабон шампион после 19 години

Vecer | 11.05.2021

Спортинг Лисабон шампион после 19 години

Спортинг Лисабон е сензационален шампион на Португалија. Иако на почетокот на сезоната му се даваа само 3% шанси на тимот од „зелениот дел“ на Лисабон, сепак, на крајот ја освоија титулата во првенството.

Спортинг стана шампион благодарение на победата од 1:0 над Боависта вечерва во меч во кој имаа целосна доминација, и во меч во кој погодија и три стативи.

Инаку во пролетниот дел, во Спортинг играше и Стефан Ристовски кој пред два дена славеше титула со Динамо Загреб.

Последен пат Спортинг беше првак во сезоната 2001/02.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk