logo
logo
logo

Според НБА: Јокиќ е прв фаворит за титулата МВП на сезоната

Vecer | 02.04.2021

Според НБА: Јокиќ е прв фаворит за титулата МВП на сезоната

НБА лигата на официјалната веб-страница објави ажуриран рејтинг на најсериозните кандидати за титулата МВП оваа сезона. Списокот не влијае на резултатите од гласањето, но сепак, сериозно се посветува внимание на него.

На чело на листата е српскиот кошаркар и прв играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, по кого следува поентерот на Портланд, Дамиен Лилард.

На третото место на оваа ранг-листа на НБА е Џејмс Харден, кој се искачи на третото место од шестата позиција каде беше претходно.

Двократниот добитник на оваа награда минатата сезона, Јанис Адетокунбо, кој ги брани боите на Милвоки Бакс, се спушти на четвртата позиција.

Во ТОП 5 нема место за Леброн Џејмс, но таму е Лука Дончиќ од Далас Маверикс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk