Селекторот на Холандија Франк Де Бур го објави конечниот список на фудбалери за ЕП 2020. Тоа се 26 фудбалери кои треба да ја оправдаат довербата. Нашите момци пред себе имаат силен противник. Де Бур го изостави голманот Јеспер Силесен поради оној случај со КОВИД-19 и смета дека нема да биде комплетно спремен за евро-шампионатот. Дефанзивецот Ван Дајк се уште ја лекува повредата, а ги нема уште Пропер (Брајтон), Хатебер (Аталанта), Бергвајн (Тотенхем), Ел Гази (Астон Вила), Тете (Фулам)…

И без нив Де Бур има квалитетна екипа. Двајца се дебитанти напаѓачот Коди Гакпо од ПСВ и дефанзивецот Јуриен Тимбер од Ајакс. Тука се Крул, Вајналдум, Депај, потоа Ван де Бек, Френки Де Јонг, Матијс де Лихт, Дејли Блинд….

Македонија против Холандија ќе игра на 21 јуни во 3.коло од групата во Амстердам.

sportmedia.mk