logo
logo
logo

Спетакуларно „Ел Класико“: Реал за малку од готово - вересија, гредата ги спаси во финишот (ВИДЕО)

Vecer | 10.04.2021

Спетакуларно „Ел Класико“: Реал за малку од готово - вересија, гредата ги спаси во финишот (ВИДЕО)

Спектакуларен натпревар одиграа Реал Мадрид и Барселона вечерва на „Алфредо ди Стефано“. На крајот победа на Реал Мадрид со 2:1, откако во првиот дел водеше со 2:0, а имаше шанса и за трет гол.

Бензема спектакуларно со петица донесе водство, а потоа и Крос од слободен удар со многу среќа го совлада Тер Штеген. Валверде ја погоди стативата, но и Меси во финишот ја погоди стативата на „кралевите“ директно од корнер.

Во вториот дел Мингеза намали на 2:1 по уфрлањето од левата страна. Се беше во знакот на Барселона, а Реал ја чекаше шансата преку противнапади. Ја погодија и стативата и „кралевите“, а потоа и Меси имаше шанси, но Куртоа одбрани. Во финишот Барса ја погоди и пречката од голот и не успеа да дојде до израмнување, а Реал за малку ќе направеше од готово – вересија.

Но, со оваа победа „кралевите“ се искачија на првото место на табелата, но и со натпревар повеќе од Атлетико Мадрид.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk