logo
logo
logo

Спарс од седми обид го совлада МЗТ Скопје

Vecer | 22.03.2021

Спарс од седми обид го совлада МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со пораз тргна на последниот турнир во АБА 2-лигата. Спарс во седмиот обид успеа да дојде до триумф над македонскиот тим, славеше со 76-68 и дојде до важни бодови за задржување на горните места на табелата. На другата страна Дарко Радуловиќ во дебито на клупата, на тимот од Аеродром му го донесе петиот пораз.

Дамјан Стојановски со 18 поени беше прв стрелец, Бојиќ запиша 14 поени, по 11 имаа Тарнер и Крстевски. На другата страна Камењаш реализираше 18 поени.

Ова беше натпревар на кој не видовме квалитетна кошаркарска партија.

МЗТ Скопје не го почна мечот според очекувањата, само на почетокот кратко поведе (0-2 и 2-4), Спарс по првите десет минути имаше двоцифрени 23-13.

Босанскиот состав имаше позитва од 27-19, четири минути ниту еден од двата тима не постина кош. Прв се разбуди македонскиот претставник, благодарение на Дамјан Стојановски и Бојиќ, израмни на 31-31 во 19 минута. На одморот беше 33-33.

По долго време, МЗТ Скопје дојде до ново водство на дуелот (33-35), на средината на трета четвртина дојде до највисоки 40-43. Сепак, Спарс во одлучувачките десет минути влезе со позитива од четири поени (55-51).

Противникот одржуваше минимална предност од два до три поени, Стојановски со тројка на нецели шест минути до крајот погодоци за 59-60. Спарс со серија од 8-0 поведе со 70-62 на две минути до крајот. Ова беше клучен момент на натпреварот.

Следниот натпревар МЗТ Скопје го игра во четврток против Велика Горица.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/Драгана Стјепановиќ

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk