logo
logo
logo

СП во Кортина: Басино и Линзбергер го поделија златото во паралелниот велеслалом

Vecer | 16.02.2021

СП во Кортина: Басино и Линзбергер го поделија златото во паралелниот велеслалом

Две победнички во паралелниот велеслалом на Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо. Италијанката Марта Басино и Австријката Катарина Линзбергер имаа идентично време и поради тоа двете застанаа на највисокото место на пиедесталот делејќи го златниот медал. Првично беше објавено дека Басино е победничка, за подоцна по прегледување на резултатите да се востанови дека двете имале идентично време.

Поради тоа го освоија првото место. Третото, односно бронзата и припадна на Американката Паола Молцан која беше подобра од Французинката Теса Ворли во дуелот за третото место.

Да потсетиме дека во машка конкуренција во оваа дисциплина победи Метју Фавре.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk