logo
logo
logo

СП: Фавре до златото во велеслаломот, Стрезоски и Петков не се квалификуваа во финалето

Vecer | 19.02.2021

СП: Фавре до златото во велеслаломот, Стрезоски и Петков не се квалификуваа во финалето

Французинот Матје Фавре е победник на денешниот велеслалом во рамките на Светското првенство во Кортина д’Ампецо.

Фавре го освои златниот медал откако беше подобар во двете финални трки и оствари вкупно време од 2:37.25, додека за 63 стотинки послабо време имаше Италијанецот Лука Де Алипрандини, додека бронзата замина на градите на Марко Шварц од Австрија. Хрватот Филип Зубчиќ заврши на четвртото место, а Швајцарецот Лоик Мелард го комплетира Топ 5.

Ова е прво злато за француски скијач во велеслаломот на СП по 1968 година.

Денеска настапија и македонските аплинисти. Борјан Стрезоски и Виктор Петков не се квалификуваа во финалето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk