logo
logo
logo

Состојбата на Танде се подобрува, но се уште е во кома

Vecer | 26.03.2021

Состојбата на Танде се подобрува, но се уште е во кома

Здравствената состојба на норвешкиот ски-скокач Даниел Андреј Танде, кој претрпе сериозен пад на Планица во четвртокот, е стабилна и се наоѓа во болница во Љубљана.

„Најновата медицинска прогноза е добра, се надеваме дека утре ќе биде уште подобро и дека веќе ќе може да разговара со нас. Беше навистина тешко, беше во многу лоша состојба по падот“, изјави Клас Бреде Братен, спортски директор на норвешката репрезентација во ски-скокови.

Братен ја посочи брзината на помошта која му беше дадена на Танде, кој беше во болница во Љубљана само 59 минути по падот.

Танде во четвртокот во пробна серија изгуби контрола над своите скии во тест серијата и падна на главата веднаш на почетокот на слетувањето, а потоа долго време се тркалаше по падината.

За повредите на Норвежанецот, раководителот на здравствената служба во Планица, Томислав Мирковиќ, рече дека има многу претреси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk