logo
logo
logo

Составот на Казахстан против Македонија: Двајца „странци“ и 19 домашни играчи

Vecer | 03.06.2021

Составот на Казахстан против Македонија: Двајца „странци“ и 19 домашни играчи

Фото: kff.kz

Македонија утре во Скопје ќе одигра пријателски меч со Казахстан што воедно е последната „контрола“ на избраниците на Игор Ангеловски пред патувањето на Европското првенство. Казахстан доаѓа во Скопје со 19 играчи кои играат во домашното првенство од кои, најмногу, шест, има од Тобол. Само двајца играат во странство и тоа фудбалерот за врска Владислав Василиев кој настапува во белоруски Енергетик Минск и напаѓачот Алексеј Шчоткин кој игра за руски Ротор од Волгоград.

Од ово состав најмногу настапи имаат дефанзивецот Сергеј Малји и играчот за врска Азат Нургалиев со 46 односно 43 настапи.

Ги нема Вороговскиј, играч на Бершот, Бактијар Зајнудинов од ЦСКА Москва и Бајружан Исламкан кој настапува за Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.

Селекторот Талгат Бајсуфинов се надева дека во Скопје ќе ја прекине лошата серија од осум натпревари по ред без победа. Но да потсетиме дека Казахстан ја изненади Украина на крајот на март во квалификациите за СП 2022 со тоа што одигра 1:1 во Киев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk