logo
logo
logo

Соседско дерби бр.73: Работнички го “лизна“ Вардар во Втора лига! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Vecer | 01.05.2021

Соседско дерби бр.73: Работнички го “лизна“ Вардар во Втора лига! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Попладнево на Арената во Скопје во 73. соседско дерби, очекувано Работнички го победи Вардар. Резултатот на крајот гласеше 3:1 за „романтичарите“ кои со оваа победа и дефинитивно го “лизнаа“ Вардар кон втората лига.

Остануваат уште две кола до крајот а Вардар има четири бодови помалку од А. Пандев и Ренова. До крајот игра со Струга ТЛ на гости и со Македонија ЃП дома. Тоа се двете екипи кои жестоко се борат за тоа трето место на табелата и излез во Европа.

Значи реално Вардар може да се надева само на теорија, иако и таа вели дека е готово.

Инаку овој меч го проследи и селекторот на У-21 репрезентацијата на Македонија Блгоја Милевски, кој веројатно се присети на оние денови од мај 2013 година кога како тренер славеше титула со Вардар.

Но тие денови се минато, Вардар од следната сезона речиси 99% ќе го гледаме во втората лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk