logo
logo
logo

Соседско дерби бр. 73: Работнички 2,5 години не знае за победа над Вардар, дали е сега моментот?

Vecer | 01.05.2021

Соседско дерби бр. 73: Работнички 2,5 години не знае за победа над Вардар, дали е сега моментот?

Денеска од 13 часот се игра соседското дерби бр.73. Вардар и Работнички ги одмеруваат силите, но со различни мотиви. На Вардар му се потребни и тоа како во битката за опстанок, додека Работнички влезе во “црна серија“ по двата порази едноподруго од Шкупи и Шкендија. Исто така тимот од Дебар Маало има и дополнителен мотив, веќе 2.5 години не знае за победа над Вардар. Последен пат тоа се случило на 22 ноември 2018 година.

Нема многу дилеми за овој меч, барем од аспект на вардарци. Ако победат тогаш остануваат во игра за опстанок, ако загубат веројатно ја губат и последната шанса за спас.

Интересно, некогаш овие два клуба водеа битки за шампионските пехари, за излез во Европа, а сега едниот е пред испаѓање а другиот веќе трета сезона по ред не може да избори пласман во Европа.

Сепак, се очекува да биде интересно попладнево на Арената. Кога играат Вардар и Работнички никогаш ништо не се знае однапред.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk