СОС Детско село ја доби наградата од „УЕФА Фондацијата за деца“ за проектот „Football is power“

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа прес-конференција по повод наградата од „УЕФА Фондацијата за деца“ доделена на СОС Детско Село Македонија за проектот „Football is power“.

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ја препозна и прифати иницијативата на
Фудбалската федерација на Македонија, СОС Детско село – Македонија да добие награда од „УЕФА Фондацијата за деца“ во износ од 50.000 евра наменети за развој на спортските активности за децата од СОС Детско село Македонија.

Во соопштенеито од СОС Детско село се посочува дека на почетокот од оваа година, УЕФА преку својата „Фондација за деца“ побарала од 55 Национални асоцијации да номинираат организација од нивната земја што исполнува зададени критериуми, а чија работа е од особена важност за децата од социјално ранливи категории, Фудбалската федерација на Македонија со оваа номинација потврдува дека ја препозна и ја поддржа нашата работа, изјави Зорица Серафимовска Арсовска, претседател на У.О. на СОС Детско Село.

„Ние веќе 17 години посветено работиме и се грижиме за децата без родители и родителска грижа во нашата земја.Нашата работа и мисија се поклопуваат во една многу важна работа, нашата работа е да менуваме животи, а вашата да обезбедите исто така подобра иднина за децата и младите преку спортот, односно фудбалот.
Исто така, анализите докажуваат дека физичката активност го подобрува и психичкото здравје што е важно за секој млад човек а посебно за деца и млади кои поминале низ многу предизвици во животот, благодарност до Фудбалската федерација на Македонија“, изјави Зорица Серафимовска Арсовска.

„Спортот игра клучна улога во правилниот раст и развој на секое дете. Раното откривање на спортскиот потенцијал е појдовна основа за тоа како детето понатаму ќе се развива на спортски професионален план. Преку тимскиот спорт се учи тимска работа, делење, самодисциплина, лидерство, толеранција и фер плеј. Ви благодариме на довербата многу талентирани дечиња ќе имаат можност да се развијат во големи фудбалски ѕвезди,“ изјави Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско село.

Фудбалската федерација на Македонија секогаш се труди да има активна улога во
општеството, давајќи придонес во проекти и активности кои ја истакнуваат нашата социјална одговорност. Така било одсекогаш, а со радост ќе ги продолжиме сличните активности и во иднина, беше пораката која ја испрати В.Д. претседателот на ФФМ.

Муамед Сејдини додава дека исклучително им е драго што токму СОС детското село ја доби наградата од „УЕФА Фондацијата за деца“ во износ од 50 000 евра, средства кои што ќе ги инвестираат во понатамошен развој на спортските активности на децата што.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски, пак во своето обраќање ја истакна една од суштинските заложби на ФФМ, како социјално одговорна организација која придонесува преку фудбалот да се збогати квалитетот на живот на деца од социјално ранливи категории.

„Ние искрено се надеваме дека со реновирањето на спортското играчиште ќе се поттикнат и инспирираат повеќе деца што живеат таму , да уживаат во играњето фудбал. Во рамки на нашата фудбалска академија досега имавме двајца млаи фудбалери кои ни доаѓаа од СОС детско село, а со овој проект ке бидеме среќни ако тој број се зголеми. Благодарност што заеднички ќе реализираме една подолгорочна соработка“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари