logo
logo
logo

Сопственикот на Ливерпул им се извини на навивачите: Непотребно предизвикав гнев...

Vecer | 21.04.2021

Сопственикот на Ливерпул им се извини на навивачите: Непотребно предизвикав гнев...

Сопственикот на Ливерпул Џон Хенри им се извини на навивачите на Ливерпул со видео порака на официјалниот веб-сајт на клубот. Американскиот милијардер ја презеде одговорноста за проблемите што тој ги направи во изминатите 48 часа со одлуката Ливерпул да се приклучи на новата Суперлига. Хенри изјави дека никогаш не било опција проектот да почне без поддршка од навивачите.

Им се извинувам на сите навивачи на Ливерпул и на негови поддржувачи за проблемите кои ги создадов во изминатите 48 часа. Морам да кажам и дека проектот немаше да заживее без поддршката на навивачите. Го слушнав вашето мислење. Сакам да им се извинам на Јирген, на играчите и на сите кои работат во клубот. Тие не се виновни за ова што се случи. Тие трпат критики, а не заслужија. Не е фер. Тие го сакаат клубот и работат напорно за Ливерпул постојано да биде на врвот. Пред повеќе од десет години, кога го почнавме предизвикот, мечтаевме за тоа, за кое мечтаете и вие (навивачите).

И работиме напорно да го направиме клубот подобар. Но нашата работа не е завршена. Се надевам дека ќе разберете, дури и кога правиме грешки, се обидуваме да работиме за интересите на клубот. Овојпат ве разочарав, и уште еднаш сакам да ви се извинам. Јас сум одговорен за овој непотребен гнев и негативна енергија. Се покажа дека навивалите имаат сила да влијаат на работите“, вели Хенри.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk