logo
logo
logo

Сопственикот на Лидс ја купи и Сампдорија

Vecer | 31.05.2023

Сопственикот на Лидс ја купи и Сампдорија

Конзорциумот во кој е мнозинскиот сопственик на англискиот тим Лидс, Андреа Радрицани и неговиот деловен партнер Матео Манфреди го финализираа договорот за купување на финансиски проблематичниот италијански клуб Сампдорија, пренесуваат медиумите во оваа земја.

На клубот од Џенова, кој првпат испадна од Серија А по повеќе од една деценија, му се закануваше банкрот, но според планот за финансиско закрепнување, новите менаџери ќе вложат 40 милиони евра за негово стабилизирање.

„Многу сме возбудени што можеме да објавиме дека го финализиравме стекнувањето на овој неверојатен клуб. Сампдорија е спасена и среќен сум за сите што не настрадаа поради проблемите на тимот. Им благодарам на луѓето кои неуморно работеа за да се оствари оваа зделка. Едвај чекам да почнам со работа“, коментира Андреа Радрицани.

Радрицани купи мнозински удел во Лидс во 2017 година за 45 милиони фунти, но се очекува да го продаде својот 56% од акциите во англискиот клуб на американската компанија 49ers Enterprises. Сопствениците на популарниот американски фудбалски тим и петкратниот НФЛ шампион на САД, Сан Франциско 49ерс веќе поседуваат 44% од Лидс и со новиот договор, кој се очекува да биде финализиран до крајот на годината, ќе ги стекнат сите акции во клубот.

Лидс исто така го загуби својот елитен статус со испаѓањето од Премиер лигата викендов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk