logo
logo
logo

Сопштение на ФК Скопје: Бараме изземање на Кирил Смоковски како судија од нашите мечеви (ВИДЕО)

Vecer | 15.04.2021

Сопштение на ФК Скопје: Бараме изземање на Кирил Смоковски како судија од нашите мечеви (ВИДЕО)

Екипата на ФК Скопје која што во моментов е лидер на второлигашката конкуренција Запад, и најсериозен кандидат за пласман во првата лига предмалку излезе со соопштение во кое и се обраќа на јавноста по повод одиграниот меч од последното коло против тимот на Дрита во Боговиње и каде што како што самите велат се драстично оштетени од главниот судија Кирил Смоковски од Прилеп во поразот од 3:2. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„После направената анализа, од последниот натпревар со ФК Дрита, во Боговиње, дојдовме до заклучок дека судиската тројка на чело со главниот судија, Кирил Смоковски, беше на катастрофално ниво, и директно влијаеше врз конечлниот резултат (ВИДЕО)

По информацијата дека за калкулантската арбитража судијата Кирил Смоковски, е оценет со слаба оценка, им се заблагодаруваме на контролорот  но и судиската комисија при ФФМ дека го потврдија слабото судење и воедно бараме иземање на судијата Кирил Смоковски на натпреварите на ФК Скопје.

ФК Скопје, никогаш не ја бара вината во туѓите редови, но во интерес на регуларноста на наптрењарувањето, ќе се залага за фер и корентно делење на фудбалската правда.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=azG__MwOjQ0[/embed]

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk