logo
logo
logo

Соопштение на Црвена Звезда: Му веруваме на Канга

Vecer | 27.04.2021

Соопштение на Црвена Звезда: Му веруваме на Канга

По скандалот кој што утринава е објавен, а е поврзан со играчот на Црвена Звезда Гелор Канга околу неговата возраст и наводно фалсификуваниот пасош со официјално соопштение се јави и неговиот клуб.

Во него стои дека Црвена Звезда потполно и во целост застанува зад играчот и дека сето ова се измислици кои доаѓаат од Африка ништо повеќе.

„По повод информацијата која стигна од Африка, а е поврзана со нашиот фудбалер Гелор Канга, веднаш да кажеме дека ние како клуб, во потполност му веруваме на фудбалерот. Канга има важечки пасош на неговата земја Габон, а и регулиран престој во Франција. Има играно и регулирано статус во Русија, односно Чешка со истата патна исправа, и немало никаков проблем. Ова го дивуваме единствено како војна на два сојузи во Африка поради пласманот на купот на нациите, и во кој Канга е само колатерална штета. Се надеваме дека целиот случај набргу ќе биде решен во корист на Гелор Канга“ – се вели во соопштението.

За информација, Гелор Канга е обвинет дека лажирал за неговата возраст и наместо 30. како што тврди во моментов дека има всушност 35. години. Дека воопшто не се вика Гелор Канга туку Кирјаку Кирјаку Кианга.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk