Како што утринава известуваат медиумите во Шпанија, Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид, како голем фан на Рафаел Надал, посакувал на отворањето на реновираниот „Сантијаго Бернабе“ да се одигра тениски меч меѓу Рафа и Роџер Федерер, и тоа пред околу 81.000 гледачи. Колку што и ќе биде капацитетот на на новиот “Бернабе“. Сепак дали ќе се случи ова, зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со Ковид-19, која и во Шпанија засега е повеќе од загрижувачка.

Во случај пак Роџер да откаже, или пак да не може поради постијаните повреди, да биде дел од спектаклот, тогаш резервна опција е Новак Ѓоковиќ, имено Србинот да се најде на другата страна на мрежата против Надал.

Да кажеме дека Надал и Федерер го држат рекордот по број на навивачи на еден меч во Ј. Африка каде имаше 50.000 гледачи.

 

sportmedia.mk