logo
logo
logo

Солзите на Терзиќ по епската трагедија за која самите си се виновни во Дортмунд! (ВИДЕО)

Vecer | 28.05.2023

Солзите на Терзиќ по епската трагедија за која самите си се виновни во Дортмунд! (ВИДЕО)

Каков шок? Се беше подготвено за славје, за прекинување на доминацијата на Баерн Минхен, но на сите во Борусија Дортмунд им се случи епска трагедија.

Несфатливо. Имаа се во свои раце или нозе, имаа се што треба, го имаа и шреполниот “Вестфален“ или “Сигнал Идуна Парк“ и се упропастија.

Самите си се виновни, никој друг а најмалку Баерн Минхен. Уште еднаш се покажа дека “милионерите“ се мал клуб.

Оваа шанса им се даде еднаш во деценијата, и ја упропастија.

Навистина како одигра вчера Дортмунд против Мајнц кој си играше речиси со втор состав и онака левтерно?

Дортмунд не играше никако. Уште по излегувањето на теренот се виде по говорот на телото на домашните играчи дека ќе биде “шкакљиво“. Тие подлегнаа на притисокот а за тоа виновен е само Един Терзиќ, нивниот тренер. Тој не успеа да ги подготви своите играчи за тоа што треба.

Да се играат уште 100 мечеви со Мајнц јасно е дека Дортмунд ќе победи на сите 100 и тоа со по 4-5 голови разлика, но кога беше најпотребно Терзиќ и неговите момци беа под своето ниво.

Неразбирливо е како тоа ако овој меч ти решава за титулата ти на Мајнц да му дозволиш да игра, да дава голови, да прави водство, онака лефтерно, од 0:2 на свој терен.

Наместо ако треба пресинг да одиграш буквално пред гостинскиот гол, ако треба и во петерцот, ако треба и срцето да го оставиш на терен, ако треба…и се само да ги насмееш и израдуваш оние 80.000 гледачи на трибините.

А ти почнуваш да играш како “селска екипа“ која не знае што сака.

Неразбирливо…

Бадијала по солзите на Терзиќ пред „жолтиот ѕид“.

И тој и неовите момци самите си се виновни за тоа што им се случи.

Ваква епска трагедија ретко се случува во фудбалот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk