Солзите на Коста нема да му помогнат – еве што го чека Бразилецот по скандалот

Јувентус го совлада Сасуоло со 2-1, конечно погоди Кристијано Роналдо и тоа на два наврати, но денот го расипа Даглас Коста со својот безобразен потег.

Имено Бразилецот го плукна противничкиот играч, го удари и на крај беше исклучен по асистенција на ВАР. Коста веднаш по мечот се извини, но бадијала.

-Ова никогаш го немав сторено, ова не бев јас. Се извинувам на навивачите на Јувентус и противникот, свесен сум што сторив, изјави Коста кој ја шокираше фудбалска Италија.

Не постои точен правилник за плукање, но повеќе од сигурно е дека ќе добие најмалку три меча казна со кои може да биде и среќен со оглед што му се заканува и подрастична казна.

Исто така ниту Јувентус нема да го штеди, а извори блиски до клубот соопштуваат дека „Старата дама" драконски ќе го санкционира поради овој потег:

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари