logo
logo
logo

Солскјер: Очекувам позитивна атмосфера кога фановите ќе се вратат на трибините

Vecer | 18.05.2021

Солскјер: Очекувам позитивна атмосфера кога фановите ќе се вратат на трибините

Во последните недели Манчестер Јунајтед е на удар на навивачите кои бараат заминување од сегашните сопственици, фамилијата Глејзер и сите нивни соработници. Работите излегоа од контрола кога неочекувано Манчестер Јунајтед е појави меѓу основачите на Суперлигата што го крена револтот кај навивачите на еден од најпопуларните клубови во светот кои се потрудија да го спречат тоа и притоа да притиснат појако за да ги избркаат американските газди.

Јунајтед ги загуби последните два домашни натпревари, а вечерва ќе игра против Фулам пред публика. Да потсетиме фановите не дозволија да се одигра мечот со Ливерпул, па истиот беше презакажан но и тогаш тие се обидоа да го спречат но на крајот попуштија. Тренерот Оле Гунар Солскјер очекува страстите да бидат смирени и клубот и фановите повторно да се обединети. Вечерва (19:00 ч) се игра мечот против Фулам и за прв пат по подолго време ќе има навивачи на „Олд Трафорд“.

Овој момент го чекаме одамна. Не е убаво кога фановите и клубот не се обединети, како што се случи на последните неколку натпревари на домашен терен посебно оној со Ливерпул. Да бидам искрен, се надевам на позитивна атмосфера против Фулам, а исто така сакаме да покажеме добар фудбал, затоа што тоа е и мојата работа – да го спремам тимот да одигра добро и да победи. Многу е важно заедно да се насладуваме на фудбалот, на натпреварите на победите, заедно да тагуваме при поразите. Ако односот меѓу фанови и клуб е добар, тогаш и фудбалерите се послободни и задоволни и реагираат на најдобар начин“, изјави Солскјер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk