logo
logo
logo

Солскјер: Кога ќе ни остават простор за контранапад сме многу опасни

Vecer | 19.02.2021

Солскјер: Кога ќе ни остават простор за контранапад сме многу опасни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер секако дека е презадоволен од триумфот над Реал Сосиедад во елиминационата фаза од Лигата на Европа на гостински терен од 0:4.

Овој двомеч секако дека е веќе решен, нема сигурно тимот од Олд Трафорд на реваншот да дозволи било каква сензација.

„Одигравме многу добро. Задоволен сум. Ја заслуживме победата. Добро се браневме, а противникот ни остави многу простор во позадина, што ние и тоа како знаевме да го искористиме. Сеуште учиме и се развиваме како тим, а во последно време тоа го правиме многу добро, затоа и победуваме“ – вели Солјскер.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk