logo
logo
logo

Солскјер: Јунајтед секогаш играл најдобро против Сити

Vecer | 07.03.2021

Солскјер: Јунајтед секогаш играл најдобро против Сити

Од 17:30 часот денеска закажано е големото дерби на Манчестер, помеѓу екипите на Сити и Јунајтед. Двата тима кои се борат за највисок пласман во моментов имаа многу мотиви пред дуелот, а како актерите се чувствуваат одвнатре на кратко опиша менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер.

Тој е дел од ова дерби со децении, што како играч што како менаџер и многу добро знае како е да се победи но и да се загуби од лутиот гратски ривал.

„Ова е за нас совршен меч за да ги завртиме нештата повторно кон позитивен колосек. Ќе се истестираме со сериозен противник, кој е во голема форма. Ова е тим кој токму најдобрите моменти ги има против екипата на Манчестер Сити, на домашен но и на гостински терен. Увидовме како тоа се постигнува. Со добра одбрана, и уште подобар напад. Не е сеедно да се игра ваков меч, крвта ви врие. Се подготвувате за него и си мислите ова е вистински тест и предизвик“ – вели Оле Гунас Солскјер. 

Само како информација, Манчестер Сити има 21 победа во серија во сите натпреварувања, а доколку ЈУнајтед победи ќе ја намали бодовната предност на лидерот Сити на врвот на табелата која сега е означена на 14 бода.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk