logo
logo
logo

Солдадо со гол во 92. минута спречи радост на Леванте (видео)

Vecer | 06.02.2021

Солдадо со гол во 92. минута спречи радост на Леванте (видео)

Екипата на Леванте беше пред златни три бода во мечот со Гранада во рамките на 22. коло меѓутоа остана само со еден бод затоа што противникот изедначи во втората минута од судиското продолжение.

Моралес го доведе Леванте во водство, а Кенеди изедначи во 43 минута. Во 67 минута Моралес одново донесе водство за Леванте, меѓутоа за реми се погрижи Роберто Солдадо, кој влезе во 74. минута, а ја погоди мрежата на домашните во 92 минута за да спаси бод за Гранада.

Македонскиот интернационалец Енис Барди влезе во игра за Леванте во 80 минута.

Ова е деветто реми за Леванте сезонава, а шесто за Гранада. И двете екипи се едно до друго на табелата, Гранада е на позиција осум, а Леванте веднаш зад неа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk