logo
logo
logo

Со Шпанија два пати беше европски првак, сега е херој на Екваторијална Гвинеја

Vecer | 26.03.2021

Со Шпанија два пати беше европски првак, сега е херој на Екваторијална Гвинеја

Репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја се пласираше на Купот на Африка по победата над Танзанија во квалификациите и тоа со гол на Емилио Нсуе во 90 минута. Тој негов гол донесе огромна радост кај оваа африканска држава која трет пат во историјата ќе настапува на КАН односно првпат, а да не е организатор на турнирот. Тогаш настапуваше без да игра квалификации, како домаќин, а сега прв пат преку натпревари.

Приказната за Нсуе е интересна што неговиот фудбалски пат почнува во Шпанија. Неговиот развој е подложен на подеми и падови. Сепак, си го најде своето место во репрезентацијата на државата од каде се неговите родители. Инаку тој е роден во Палма на островот Мајорка.

Нсуе двапати беше младински европски шампион со Шпанија. Еднаш со селекцијата до 19 години и тоа на ЕП 2007 и еднаш со селекцијата до 21 година на ЕП 2011. Меѓутоа трнлив е патот до А селекцијата на Шпанија. Таму конкуренцијата е голема.

Затоа Нсуе решава да игра за Екваторијална Гвинеја во 2013 година откако една година претходно ги одби за настап на КАН 2012 поради желбата да биде дел од шпанската селекција за Олимписките игри 2012. За Екваторијална Гвинеја досега има 24 настапи и 12 гола. Беше капитен на репрезентацијата на КАН 2015 каде постигна еден гол.

Сега ја однесе својата репрезентација на уште едно првенство на Африка кое ќе се одржи во Камерун во 2022 година.

Се работи за играч кој е десен бек, а освен за Мајорка играл за Сосиедад, па потоа за англиските Мидлсбро и Бирмингем, а од 2018 година е на Кипар каде бил дел од Аполон и сега е во АПОЕЛ.

International Star Signs Up | Middlesbrough FC

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk