logo
logo
logo

Со дрва и камења по Лев: Поминавме понатаму, но никој не знае зошто!

Vecer | 25.06.2021

Со дрва и камења по Лев: Поминавме понатаму, но никој не знае зошто!

Репрезентацијата на Германија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020, но сепак селекторот Јоаким Лев е мета на жестоки критики во тамошната јавност.

Дел од најугледните новинари и медиуми му се нафрлија на селекторот за играта и резултатите, особено последниот меч со Унгарија кој го нарекоа срамен.

„На овој начин нема да стигнеме далеку. Поминавме понатаму, но никој не знае зошто!“, пушува еден од најтиражните европски весници, „Билд“.

Главниот уредник на магазинот „Кикер“, Карлхајнц Вајлд, ја опиша изведбата на „Елф“ против Унгарија како „дива, збунета и разнишана“.

„Националниот селектор изгледаше стресно. Голот на Горецка го спаси од срамното испаѓање. Одбраната продолжува да прави ужасни грешки, дури и голманот Нојер веќе ја нема вообичаената сигурност. Некои од неговите колеги се премногу колебливи во нивниот настап. Дали Серж Гнабри го заслужува своето место? Или Гундоган? Каде исчезна тој голем Госенс ​​од мечот со Португалија? И каква работа имаше Рудигер, кој секогаш беше слободен, но стоеше само околу линијата на центарот. Многу прашања за кои се потребни брзи одговори“, анализира новинарот на „Кикер“.

Германската веб-страница „Спорт 1“ пишува дека на одбраната и недостасува шеф да воведе ред, а Кимих, за разлика од Баерн, сега е сместен на позиција на која има далеку помало влијание.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk