logo
logo
logo

Снегот на Јахорина ќе го ПЛАЌААТ СКИЈАЧИТЕ

Vecer | 22.11.2022

Снегот на Јахорина ќе го ПЛАЌААТ СКИЈАЧИТЕ

Владата на Република Српска ја прифати иницијативата на Олимпискиот центар Јахорина скијачите да плаќаат за снег.

Поточно, тоа е данок со кој ќе се финансира системот за правење снег и вертикалниот транспорт.

Формирана е работна група од десет члена чија должност е да ја спроведе оваа иницијатива, пренесува Кликс.

„Задачата на меѓуресорската работна група е да го подготви текстот на законот со кој ќе се стандардизира прашањето за наплата на посебна туристичка такса во Јахорина и истиот да го достави до Владата на РС на разгледување во Министерството за трговија и Туризам со цел да се спроведат понатамошни процедури“, се наведува во одлуката за формирање на работната група.

Од субјектот Министерство за трговија и туризам за порталот Капитал велат дека работната група ќе ја има првата средба во наредните денови. Порачаа дека јавноста за се ќе биде навремено информирана.

Нагласија дека хотелиерите не биле задоволни од оваа идеја и дека понудиле да имаат претставник во споменатата групација.

„Олимпискиот центар Јахорина излезе во јавноста со иницијатива за воведување посебна туристичка такса во Јахорина, што наиде на бурни реакции кај хотелиерите од Јахорина. За да се најде најдоброто решение, формирана е работна група чија работа, заедно со претставници на Владата на РС и градот Источно Сараево, ќе учествуваат и претставници на Здружението на хотелиери и Олимпискиот центар Јахорина“, беше соопштено.

Од министерството не откриваат колку ќе чини таксата.

Претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар Јахорина Недељко Елек претходно изјави дека идејата е да се плати надомест од пет до шест конвертибилни марки по кревет за време на работата на системот за правење снег и вертикален транспорт.

Наводно, законското решение е веќе готово и останува само да се договорат деталите за наплатниот систем - предлогот е се да оди преку даночната управа на субјектот.

Според сознанијата на порталот Капитал, таксата не би се наплаќала оваа зимска сезона, бидејќи цените се веќе формирани, а добар дел од аранжманот е веќе продаден.

Фото: Јахорина

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk