Менува клубови како чорапи

Снајдер се враќа во Турција

Според турските медиуми, Снајдер по истекот на договор со Ница кој е до нова година, ќе се врати во Турција, но не во редовите на Галатасарај. Новиот предизвик за Снајдер треба да биде Бaшакшехир

Искусниот репрезентативец на Холандија од средината на теренот, Весли Снајдер по само шест месеци во Ница, би можело повторно да се врати во Турција.

Според турските медиуми, Снајдер по истекот на договор со Ница кој е до нова година, ќе се врати во Турција, но не во редовите на Галатасарај. Новиот предизвик за Снајдер треба да биде Бaшакшехир.

Sнајдер нема да има проблем да се прилагоди на турскиот фудбал бидејќи за Галата има одиграно 124 меча на кои даде 35 гола. Во кариерата има настапувано и за Ајакс, Реал Мадрид и Интер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари