logo
logo
logo

Смена на врвот во Одборот за организација на ОИ во Токио

Vecer | 18.02.2021

Смена на врвот во Одборот за организација на ОИ во Токио

Јапонската министерка за олимписки и параолимписки игри Сеико Хашимото (56) е назначена денеска за нов претседател на организацискиот Одборот на летната Олимпијада (ЛОИ) во Токио, на местото на Јоширо Мори, кој под притисок на јавноста поднесе оставка минатиот петок поради своите сексистички изјави.

-Нема да ги штедам своите напори во обидот Олимпијадата во Токио да биде успешно организирана, нагласи 56-годишната поранешна јапонска олимпијка во првата изјава по назначувањето.

Хашимото истакна дека мерките за борба против коронавирусот, што ќе бидат воведени на ЛОИ, ќе бидат „врвен приоритет“, додавајќи оти сака јапонската и светската јавност да биде сигурна дека „игрите ќе бидат безбедни“.

Пред назначување на чело на олимпискиот одбор, Хашимото поднесе оставка на функцијата во владиниот кабинет во кој беше една од двете жени со министерски статус.

Хашимото зад себе има долга долга спортска кариера, учествувајќи на вкупно седум летни и зимски олимписки игри од 1984 до 1996 година. Таа на Олимпијадата во 1992 година во Абервил го освои бронзениот медал за Јапонија во брзо лизгање.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk