„Случајот со Алонсо покажува колку е лоша Ф1“

" alt=

Возачот на Форс Индија, Серхио Перез, жали што Фернандо Алонсо од наредната сезона нема да вози во шампионатот на Формула 1. Мексиканецот, рекол дека голем проблем на Алонсо му бил што возел за тимот на Мекларен.

Откако се врати во Мекларен, Алонсо не бил подобро пласиран од петтата позиција. Последен пат кога бил подобро пласиран од петтото место, двократниот светски првак возеше за Ферари во 2014 година.

Перез смета дека големата разлика помеѓу болидите, се одразува на квалитетот на шампионатот во Формула 1.

„Тоа само покажува колку е лоша Формула 1. Го имате еден од најдобрите возачи во историјата, а тој се бори за место во средината и се обидува да освои некој бод секој викенд. Доколку му дадете друг болид тој би бил шампион. За жал таква е Формула 1 во овој момент. Сите сме во истата чорба“, рекол Перез.

Алонсо од наредната сезона ќе се натпреварува в Светското првенство на издржливост, како член на „Тојота“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари