logo
logo
logo

Словенецот одново фантастичен: Далас и Дончиќ ги шокираа Клиперси (ВИДЕО)

Vecer | 23.05.2021

Словенецот одново фантастичен: Далас и Дончиќ ги шокираа Клиперси (ВИДЕО)

Далас од самиот почеток го контролираше мечот, разликата во првата четвртина беше плус 12, но Клиперси се вратија на три негатива 30-33. Во финишот на вториот период успеаја и да поведа, но Далас со серија од 11-0 на одморот замина со 55-60.

Откако третата четвртина мина во знакот на Далас, во решавачката беше возбудливо се додека Клиперси не потфрлија. Дончиќ и неговите соиграчи беа најдобри кога беше најпотребно, додека на другата страна противникот целосно застана.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=hWkgbRY3kmw[/embed]

Лука Дончиќ со 31 поен, 11 асистенции и 10 скока беше лидер кај победничкиот тим, Тим Хардавеј постигна 21, на другата страна Кавај Ленард имаше 26 поени, Пол Џорџ 23.

Победа на гостински терен оствари Портланд, кој го совлада Денвер со 123-109. Бруклин пак беше подобар од Бостон со 104-93, Дурент со 32 поени и Ирвинг со 29 поени ги предводеа Нетси. На последната средба Милвоки го победи Мајами со 109-107.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk