УЕФА СУПЕР КУП 2017

Скопје и Македонија се покажаа среќни за Реал (М)

Последните 15 минути од натпреварот ги одигра и најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо

Фудбалерите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М) го освоија пехарот кој беше наменет за подобриот во годинашното издание од УЕФА Супер куп, кое беше одиграно на националната арена "Филип Втори" во Скопје.

Избраниците на Зинедин Зидан одиграа за нијанса подобро од тие на Жозе Мурињо, но сосема заслужено забележаа минимална победа од 2:1

"Кралскиот клуб" дојде во водство со погодокот на бразилскиот интернационалец Касемиро, а на почетокот од второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и офанзивниот играч за врска, Франциско Иско.

Почесниот погодок за "црвените ѓаволи" беше дело на белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.
Последните 15 минути од натпреварот ги одигра и најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

Линк за галерија: http://vecer.mk/galerii/skopje-i-makedonija-se-pokazhaa-srekjni-za-real-m

ФОТО: Ѕ.Плавевски

Поврзани

Најнови вести

Коментари