Сколс: Мурињо не покажа класа

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс изјави дека менаџерот на тој тим, Жозе Мурињо не покажа класа за време на натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Мурињо беше навредуван од страна на навивачите на Старата дама за време на натпреварот, но кога по завршувањето на натпреварот Манчестер победи со пресврт во последните минути,

Португалецот одлучи да им се оддолжи.

Тој ја постави раката зад уши за „да ги чуе" навивачите поради резултатот.

Тоа не наиде на добра реакција од Сколс.

Мора да покажете малку стил. Мислам дека нема потреба од тоа, одите пред нив и им ракоплескате на противничките навивачи. Се ракувате со тренерот. Непотребно е тоа што го направи, но таков е тој, изјави Сколс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари