Сколс: Алексис Санчез не треба да биде стартер

" alt=

Легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, синоќа не го криеле разочарувањето од елиминацијата на „црвените ѓаволи“ во осмина-финалето, во Лигата на шампиони.

Севилја по 0:0 во првиот меч, во реваншот победи 2:1 во Манчестер и му ги урна сништата на актуелниот победник во Лига Европа дека може далеку да стигне во Лигата на шампиони.

„Изгледаа како странци ставени да играат во иста екипа. Играа внимателно, а кога играш така мораш да бидеш свесен дека чекориш по работ. Потребен е карактер да играш така“, рекол Фердинанд.

Тој смета дека Мурињо плашливо и премногу дефанзивно влегол во натпреварот.

„Ова беше мачно за гледање, недостига желба, нема енергија, не можам тоа да го објаснам“, дополнил Сколс, кој особено бил разочаран од играта на Алексис Санчез.

„Треба да биде тргнат од првиот тим во наредните натпревари“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари