logo
logo
logo

Скариоло со Пау Гасол оди на ЛОИ во Токио

Vecer | 19.06.2021

Скариоло со Пау Гасол оди на ЛОИ во Токио

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Скариоло го објави списокот со 18 кошаркари на кои ќе смета на претстојните Олимписки игри. На списокот се најде и ветеранот Пау Гасол.

Покана за настап добија осум играчи кои го освоија светското злато во 2019 година – Рики Рубио, Серхио Љуљ, Руди Фернандез, Виктор Клавер, Хуанчо Ернангомес, Вили Ернангомес, Марк Гасол и Пјер Ориола.

Во тимот се враќа Пау Гасол, кој најверојатно кариерата ќе ја заврши во Токио. Пау го сака единственото злато што му недостасува во неговата богата колекција.

Повратници се исто така Серхио Родригез и Алекс Абринес. За првпат на списокот на сениорската репрезентација се најдоа Усман Гаруба и Серхи Мартинез. Списокот ќе го комплетираат Алберто Абалде, Карлос Алосен, Дарио Брисуела, Себас Саис и Чаби Лопес-Аростеги.

Светските шампиони во Токио ќе ги одмерат силите со домаќинот Јапонија, Аргентина и победникот на квалификацискиот турнир во Каунас.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk