logo
logo
logo

Скандалозно: Физички нападнати неколку девојчиња на ЖФК Љуботен попладнево на мечот со Борец во Велес!

Vecer | 08.05.2021

Скандалозно: Физички нападнати неколку девојчиња на ЖФК Љуботен попладнево на мечот со Борец во Велес!

Како што неофицијално дознаваме, денеска во Велес на мечот од Првата лига – жени, меѓу Борец и Љуботен се случил тежок инцидент. Имено како што велат од таборот на гостинската екипа, тие биле физички нападнати од страна на домашните, биле нападните неколку девојчиња фудбалерки на Љубтотен и тоа после натпреварот, а во моментов првиот човек на клубот Драгољуб Јовановски, се наоѓа во полициска станица каде дава исказ за она што се случило.

Инаку според записникот направен после натпреварот, токму Јовановски кој бил и претставник на клубот, заработил исклучување во 55. минута.

Кога сме кај натпреваротм да кажеме дека истиот завршил со резултат од 2:0 за домашниот тим на ЖФК Борец.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk