logo
logo
logo

Скандалозен потег на Сенегалецот: Мане го “откачи“ Клоп (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2021

Скандалозен потег на Сенегалецот: Мане го “откачи“ Клоп (ВИДЕО)

И покрај победата во големото дерби против Манчестер Јунајтед, се чини дека “врие“ во Ливерпул, и тоа по потегот на Садио Мане по завршување на дербито кога Сенегалецот го “откачи“ својот тренер, кога не сакаше да се поздрави со Клоп.

Медиумите на Островот брујат за ова, а Клоп се чини дека и покрај се нема јавно да го критикува својот фудбалер.

Немам проблем со Мане. Одлуката да не биде стартер ја донесов многу доцна. Обично играчите го знаат тимот многу порано, но сега не беше така“ посочи Германецот.

Инаку Мане остана на клупата, во нападот беа Жота, Фирмињо и Салах. Во 74.минута Сенегалецот влезе место Жота, а по мечот, како што се гледа од видеото одби да се ракува со својот тренер незадоволен од тоа дека не бил стартер на мечот со Манчестер Јунајтед.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk