Алекс Карузо, кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, беше уапсен во Тексас за поседување марихуана. И додека се шпекулираше дека Карузо може да ја напушти Калифорнија ова лето, никој не очекуваше вакво нешто.

27-годишниот беч шутер е уапсен за поседување 55 грама марихуана и поседување на дрога „парафералнија“, јавуваат американските медиуми.

Тој беше приведен и пуштен во вторникот. Според извештајот за апсењето, неговата адреса моментално е плажа Менхетен во Калифорнија.

Според извештајот на „ЕСПН“, Карузо сакал да лета два часа по полноќ по локално време, кога било утврдено дека во торбата има марихуана.