logo
logo
logo

Скандал на повидок? Ѕвездата што фановите не ја сакаат и Аморим се братучеди!

Vecer | 05.11.2025

Скандал на повидок? Ѕвездата што фановите не ја сакаат и Аморим се братучеди!

фото: Manchester United (X)

Според медиумите од Англија, Рубен Аморим и Диого Далот се братучеди.

Далот претходно потврди дека неговото презиме има корени во Франција и дека неговите предци се преселиле во Брага, каде што е роден. Далот дошол преку академијата на Порто и потпишал за Манчестер Јунајтед во 2018 година во трансфер вреден околу 25 милиони евра.

Аморим е роден во Лисабон и поголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи за Белененсес и Бенфика, но во 2012 година заминал на позајмица во Брага.

Далот не игра добро во последно време и е критикуван од навивачите на Манчестер Јунајтед кои повеќе не сакаат да го гледаат на теренот.

Сега уште повеќе ќе ги вознемирува фактот дека Далот и Рубен Аморим се братучеди и јасно е дека тренерот ќе мора повеќе да размисли дали да го стави во почетниот состав на следниот натпревар.

Навивачите на овој тим му ставија до знаење на Аморим дека не сакаат да го видат Далот во поставата за натпреварот против Тотенхем.

„Далот, колку побрзо го напуштиш мојот клуб, толку подобар ќе ми биде животот.“

„Далот нè чинеше и постојано нè чини. Зошто Аморим воопшто го става да игра?“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk